Здружението ВО МОЈОТ СВЕТ по барање на здружението за младински активизам Квантум беше домаќин на студиската посета насловена како Brain opener на ден 11 Септември 2013 година. Здружението Квантум е имплементатор на студиската посета Brain opener со подршка од Националната Агенција за Европски образовни програми и мобилност. Целта на студиската посета е воспотавување врски и вмрежување како и здобивање на нови знаења и идеи за проекти против социјалната исклученост и дискриминација, а во неа учествуваат млади луѓе-претставници на невладиниот сектор од Турција, Полска, Португалија, Италија, Холандија, Романија, Бугарија, Литванија и Македонија.
Под водство на фасилитаторот на студиската посета Brain opener, Емир Слезовиќ 27 учесници од проектот беа гости во просториите на здружението ВО МОЈОТ СВЕТ каде беа срдечно пречекани и запознаени во проблематиката на аутистичниот спектар на нарушувања, актуелните состојби во РМ како и мисијата, визијата и досегашните активности на здружението во подигање на јавната свест и разбивањето на предрасудите и стереотипите за лицата со аутистичен спектар на нарушувања.