Под покровителство и организација на манифестацијата „Различни, а еднакви“ која традиционално се одржува по шести пат, а со подршка на фонадацијата „М-р Ана Вуковиќ“ здружението ВО МОЈОТ СВЕТ беше покането заедно со дел од своето членство (родители со дечиња) да биде дел од караванот што на ден 19.08.2013 година (Преображение) да го посети Крушево, родното место на нашата икона Тоше Проески и манастирот Св. Преображение каде традиционално се одбележува овој верски празник. Во пријатна атмосфера, дружење и посета на најголемиот број знаменитости на ова наше гратче-херој здружението ВО МОЈОТ СВЕТ го изразува своето задоволство и задоволството на своето членство за оваа прекрасна и несекојдневна дружба, а воедно сака и да ја изрази својата благодарност и поздрави оваа акција на манифестацијата „Различни, а еднакви“ и фондацијата „М-р Ана Вуковиќ“ што овозможи пријатни и среќни моменти на лицата со посебни потреби.