Третиот по ред традиционален и хуманитарен турнир SEAT OPEN 2013 беше свечено затворен на 04.07.2013 година со пригодна свеченост на прогласување на победниците по категории, благодарност до учесниците и спонзорите кои тоа го овозможија и донирање на собраните средства на здружението ВО МОЈОТ СВЕТ за кого и беа наменети. Во опуштена атмосфера и пригоден коктел организаторот на турнирот КА-ДИС, SEAT Македонија односно г-нот Зоран Калеников му го додели чекот од 100 000 денари на г-нот Златко Стојановски, претседателот на здружението. Здружението ВО МОЈОТ СВЕТ се заблагодарува за донираните средства, на организаторот на турнирот, учесниците и сите субјекти од бизнис секторот на РМ кои ја покажаа својата корпоративна одговорност и го подржаа здружението во напорите за отварање на Центар за едукација и рехабилитација.