Поради зголемениот обем на работа (работа на проекти, семинари, настани и соработка со семејства) здружението ВО МОЈОТ СВЕТ на состанок на Управниот одбор донесе одлука за формирање на Стручен совет на здружението. Стручниот совет ќе биде формиран од стручни кадри-членови на здружението (логопеди, дефектолози, психолози, педагози и социјални работници) но и од надворешни соработници-консултанти (невропсихијатри и педијатри-стручни лица кои ги исполнуваат условите според Статутот на здружението и според нивната стручна подготвеност). Исто така се донесе одлука и за ревидирање на постојниот список на членови (стручни кадри) кои ќе сакаат активно да се вклучат во работата и активностите на здружението. Формирањето на стручниот совет на здружението е со цел благовремено и експедитивно да се покријат активностите на здружението како:
-учество во постоечки и идни проекти;
-формирање на стручен став на здружението од областа на аутистичниот спектар на нарушувања;
-претставување на ставовите и работата на здружението на семинари, симпозиуми и медиуми;
-работа со деца (терапии, придружби, стручни советувања);
-работа и соработка по препорака на здружението на барање на институции и здравствени организации;
-усовршување на стручноста и учество на обуки во странство како претставници на здружението;
-работа во дневен центар и Центар за едукација и рехабилитација.
Заинтересираните кандидати ќе треба да се пријават на е-меил: info@vomojotsvet.org.mk или на телефоните: 02/60 90 914 и 078/200-610.
Ве очекуваме!