Донација од ЕБР

ebrweb

Како резултат на кампањите за подигање на јавната свест и напорите за вмрежување и соработка и се поголемата присутност во медиумите и на општествена сцена на проблемот со аутистичниот спектар на нарушувања здружението ВО МОЈОТ СВЕТ со задоволство може да констатира дека е се поголем бројот на институции, компании и поединци кои во рамките на своите можности настојуваат да помогнат на здружението и семејствата засегнати од овој синдром. Во пресрет на залагањата на здружението се приклучи и единицата за брзо распоредување (ЕБР) при Министерсвото за внатрешни работи на РМ која додели во здружението донација во вид на прехранбени производи и безалкохолни пијалоци  наменети за семејствата со лица со аутистичен спектар на нарушувања. ВО МОЈОТ СВЕТ ја прераспредели и подели донацијата на најсоцијално загрозените семејствата во вид на еднократна помош. Здружението сака да ја изрази својата огромна благодарност и задоволство до единицата за брз распоред за нејзиниот хуман гест и покажаната општествена одговорност за подршка на оваа социјално загрозена и маргинализирана група на граѓани на кои повеќе од сигурно им е потребна помош од општеството.

Поврзани информации: