Врз основа на веќе потпишаниот договор за соработка на здружението ВО МОЈОТ СВЕТ со CSPER центарот за едукација и рехабилитација од Белград, Р. Србија, со кој ВО МОЈОТ СВЕТ стана акредитирано за организирање обуки по сензорна интеграција Jean Ayres SIAT, здружението со задоволство го објавува почетокот на обуките по сензорна интеграција за педагози и терапевти, со кои стручните лица ќе се здобијат со престижни меѓународни сертификати од областа на сензорната интеграција. Обуките се подржани од трите ресорни министерства на РМ: министерство за здравство, труд и социјална политика и министерство за образование и наука. За подетални информации прочитајте ја деталната објава ОВДЕ или обратете се во здружението по електронска пошта или телефонски.
Контакт личност: Весна Стојановска потпретседател на здружението ВО МОЈОТ СВЕТ