Ретроспектива на аутизмот во РМ

559views

dsc01501

Во рамките на априлската кампања ЕДЕН СВЕТ ЗА СИТЕ здружението ВО МОЈОТ СВЕТ на ден 20 Април 2013 година организираше стручен собир на тема „Ретроспектива на аутистичниот спектар на нарушувања во Република Македонија“ што се одржа во просториите на Филозофскиот факултет во Скопје-Институт за дефектологија. На собирот учествуваа еминентни стручни лица од повеќе области во релација со аутистичниот спектар на нарушувања, а вистинско задоволство претставуваше да се слушнат и согледаат нивните долгогодишни искуства и постигнувања од самите почетоци па до денешен ден во Република Македонија. Во своите исцрпни излагања проф. д-р Љупчо Ајдински, проф. д-р Драгослав Копачев и проф. д-р Ристо Петров дадоа опширни согледувања за нивната досегашна работа и за самите почетоци кои датираат некаде уште од осумдесетите години. Освртот се однесуваше како на теоретските и научни трудови така и на практичниот дел од работата на овие наши доајени во аутизмот. Делот за активностите и работата околу аутистичниот спектар од понов датум ги надополнија со свои излагања и прим. д-р Мери Бошковска и дипл. логопед Слаѓана Трајкова. Во резимето на собирот се разви една креативна дебата околу досегашните достигнувања и активностите што треба да следат во блиска иднина со цел да се подобри пристапот, раната дијагноза и терапиите на оваа маргинализирана група на лица и семејства.

Поврзани информации: