Мечување како тип на терапија

506views

dsc01473

 

Здружението ВО МОЈОТ СВЕТ со своите контакти со институции, поединци, здруженија и организација секогаш настојува на своето членство и пошироката јавност да им предочи искуства, сознанија и оригинални идеи (најдобрата пракса) од развиените земји кои се отидени многу понапред во сузбивањето на аутистичниот спектар на нарушувања. Така на ден 15 април 2013 година во ПОУ Иднина од Скопје во соработка со училиштето како и здружението за Даунов синдром Трисомија 21 и клубот за мечување Ескрим од Скопје се одржа несекојдневна демонстрација со мечување како тип на терапија за дечиња со Даунов синдром и аутистичен спектар на нарушувања која сеуште не е применета на Балканот па и пошироко. Гостите-инструктори беа од Шведска (Андрес и Стивен) соработници на нашите шампиони во мечување од клубот Ескрим. Во одржаната демонстрација беа вклучени дечиња со Даунов синдром како и родители и персоналот на ПОУ Иднина. Искусните инструктори кои веќе го применуваат овој тип на терапија во Шведска со одлични резултати ги анимираа дечињата па и наставниот кадар и сите присутни. Во една извонредно позитивна и работна атмосфера покрај показните спаринг вежби беа изведени и вежби за загревање и кондициона подготовка како и дискусија со учесниците-баш онака како тоа се работи во Шведска. Овие вежби, според искуството на инструкторите се многу корисни за развој на психомоторните способности на дечињата како во доменот на сензорната интеграција. Под будното око на инструкторите дечињата покажаа одличен интерес и заложби за демонстрацијата со мечување што даде многу позитивни критики од страна на наставниот кадар и инструкторите.Здружението ВО МОЈОТ СВЕТ се заблагодарува за одличната соработка на ПОУ Иднина и мечувалскиот клуб Ескрим како и на нивните гости, а во соработка со нив овие нивни искуства здружението ќе ги преточи и ќе организира семинар и демонстрации во скорешна иднина.

Поврзани информации: