На ден 06.02.2013 година здружението за третман на лица со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром ВО МОЈОТ СВЕТ и друштвото за истражување и развој во областите на општествените и хуманистичките науки CSPER од Белград, Р. Србија склучија договор за меѓусебна соработка. Целта на овој договор е заедничка соработка во јакнењето на компетенциите на стручните лица како и на родителите и во таа смисла утврдување на ефикасна методологија за рана детекција, дијагноза и рехабилитација на децата со развојни пореметувања и ризик од развојни пореметувања како и воспоставување хомеостаза во нивните семејства со цел остварување на можностите за нивно оптимално вклучување во редовните општествени текови по пат на развојни услуги, развојна рехабилитација (дијагностики и третмани) достапни за широките општествени слоеви вклучувајќи ги тука и маргинализираните групи на што помлада возраст поради нивно оспособување за нормален живот и работа по пат на едукација. Исто така потпишан е и договор од областа на сензорната интегративна Aures-SIAT терапија којашто соработка подразбира предавања, обука на кадри, организација на семинари, размена на искуства и објавување на стручна литература на територијата на Р. Македонија.