ANNI DI VITA

313views

anni

Со посебна чест и задоволство здружението ВО МОЈОТ СВЕТ ја искажува својата голема благодарност до компанијата АНИ ДИ ВИТА и г-нот Ангел Николовски за големата подршка и соработка со здружението, како и донираните производи од нивната палета производи, како во 2011 така и во 2012 година.

Компанијата АНИ ДИ ВИТА е единствен увозник за РМ на производи без глутен од познатиот и светски афирмираниот италијански производител Dr. Shaer. Во нивната продавница за здрава храна  која се наоѓа во населбата Автокоманда на улица 16-та Македонска Бригада 2/2 локал 2, Скопје можете да се снабдите со природни и здрави производи со висок квалитет од домашни и странски производители, биолошки вредна храна која ги содржи исконските квалитети на природата прилагодени спрема потребите на современиот човек. Ова се производи кои се препорачуваат и се користат во исхраната на лицата со аутистичен спектар на нарушување, целијакија и сите оние кои сакаат да живеат здраво и да се исхрануваат здраво. За повеќе информации и совети можете да ја посетите нивната страница ТУКА или да се обратите директно во продавницата на наведената адреса.

Поврзани информации: