Меѓународен ден на лица со попреченост

309views

hendikep

Меѓународниот ден на лицата со попреченост-3-ти Декември 2012 пригодно се одбележа во РМ со низа организирани собири и настани, на различни локации. Здружението ВО МОЈОТ СВЕТ по тој повод беше гостин на неколку такви настани. По покана од Фондацијата Ајдински здружението присуствуваше на собирот организиран од Националниот Совет на Инвалидските организации на РМ во домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз“ во Скопје каде се одржа пригодна свеченост со доделување на награди и краток музички настап, а свое обраќање имаше и министерот за труд и социјална политика г-нот Спиро Ристовски.

Исто така, по овој повод, на покана на движењето против хендикеп-Полио плус здружението ВО МОЈОТ СВЕТ  присуствуваше и на промоцијата на Извештајот за состојбата на лицата со попреченост во РМ „Хендикеп-слагалка што недостасува“ во издание на Полио Плус. Настанот и промоцијата кои беа и медиумски покриени се одржаа во присуство на истакнати гости. Покрај министерот Спиро Ристовски и претседателот на Полио Плус Звонко Шаврески обраќање до присутните имаа и американскиот амбасадор во РМ г-нот Пол Волерс, шефот на делегацијата на ЕУ г-нот Аиво Орав и постојаниот координатор на ООН г-ѓа Диардре Бојд.

Поврзани информации: