ДРУЖЕЊЕ СО МЕДО ШТЕДО

566views

sbx 1

По повод Октомври-месецот на штедење и одбележување на светскиот ден на штедењето (21 октомври) здружението за третман на лица со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром ВО МОЈОТ СВЕТ во соработка со Шпаркасе банка Македонија организираше дружење со  своите членови на ден 23.10.2012 год. во игротеката „Кидс Ленд“ во ТЦ Рамстор-Скопје. Двочасовното дружење помина во одлично расположение и забава на дечињата кои беа анимирани од маскотата на Шпаркасе-Медо Штедо. Беа поделени и награди, се одржа лотарија и  креативни активности на дечињата. Здружението го изразува своето задоволство за масовната посетеност и истовремено ја изразува својата благодарност до Шпаркасе банка за одличната соработка како и посебна благодарност за подршката од неговите постојани соработници-Млади за љубов со проектот „Гратис гушкање“.

Поврзани информации: