Јас имам АДХД

6.4kviews

images

Синдромот АДХД (Attention Deficit Hyperactivity Disorder) е неуро-бихевиорално нарушување кое се карактеризира со комбинација на одвлекување на вниманието, хиперактивност и импулсивност во реакциите. Тоа подразбира потешкотии во односот со родителите, претпоставените, наставници и професори и сл. Се претпоставува дека е предизвикано од хемиска нерамнотежа во мозокот која ги зафаќа регионите за контрола на вниманието, концентрацијата, регулација на емоциите, донесувањето соодветни одлуки и импулсивноста. Ова значи дека однесувањето на детето варира од „многу сонливо“-инертно (или не е во состојба да обрне внимание) до „секогаш на штрек“ (хиперактивно).

АДХД е котраверзно нарушување. Некои теории за АДХД воопшто се сомневаат дека е всушност нарушување, под претпоставката дека тоа е само збир од нормално изразени однесувања кои се помалку толеранти и прифатливи во средината и денешниот свет со високо ниво на побарувања.

Лицето со АДХД има потешкотии да ги селектира сите информациите кои доаѓаат до неговиот мозок, да им одреди приоритет, а неговото внимание може лесно да биде нарушено, има тенденција брзо да одговори пред да размисли правилно и не знае кога да запре. На дете со АДХД ќе му биде потребно повеќе време да се смири и да се концентрира за разлика од дете без АДХД и може да има проблеми да следи инструкции.

Деца со АДХД често имаат повисока интелигенција за нивната возраст но имаат потешкотии да учат. Тие исто така често имаат проблем да се социјализираат. Состојбата е долготрајна и може да продолжи во повозрасниот период. Постои генетска компонента и децата со АДХД честопати имаат роднини (најчесто машки) со АДХД. Состојбата не е предизвикана од неправилно одгледување на детето, но опкружувањето на детето и подршката може да одредат во колкава мера ќе бидат изразени симптомите и колку успешно може да научи да се справува со нив.

Синоними за АДХД

АДХД за првпат бил опишан од Џорџ Стил во 1902 год. Тој го нарекол „недостаток на морална контрола“. Исто така бил нарекуван:

-Минимално мозочно оштетување (1930);

-Минимална мозочна дисфункција (1960);

-Хиперкинетичка реакција на детството (1968);

-Недостаток на внимание (attention deficit disorder-ADD) со или без хиперактивност (1980).

Од 1987 год. било познат како ADHD или attention deficit hyperactivity disorder. Светската Здравствена Организација изнела друга дефиниција во 1992, „хиперкинетичко нарушување“, поблиска дефиниција од АДХД и ги вклучува само посериозните случаи. 

Различни начини на класифицирање на АДХД

АДХД може да се дијагностицира преку набљудување на симптомите на детето. Тие се поделени на 2 категории: невнимание и хиперактивност – импулсивност. Стручното лице одредува колку симптоми има детето во секоја категорија.

АДХД комбиниран тип: ова претставува најчест тип и значи дека детето има 6 или повеќе симптоми во секоја категорија.

АДХД доминантен тип на невнимание: ова значи дека детето поседува 6 или повеќе симптоми на невнимание но помалку од 6 симптоми на хиперактивност – импулсивност.

АДХД доминантен тип на хиперактивност – импулсивност: ова е помалку застапен тип и значи дека детето поседува 6 или повеќе симптоми на хиперактивност – импулсивност но помалку од 6 симптоми на невнимание.

Сепак за да се дијагностицира АДХД симптомите мора да се:

-Присутни барем последните 6 месеци;

-Дошле до израз пред возраст од 7 години;

-Поизразени отколку што би се очекувало за негова возраст;

-Негативно се одразуваат барем на неколку категории на однесување, на пр. во училиште, дома, на работа и сл.

Многу често родителите не чувствуваат дека постои проблем дома, со детето, било да е тоа поради немање друго дете за да се направи споредба или веќе се адаптирале на однесувањето на детето и го прифатиле како нормално. Генерално момчињата повеќе се симптоматични на хиперактивност додека девојчињата недостаток на внимание. Кај возрасните симптомите се многу слични со тенденција да хиперактивноста се претвори во неуморност, потешкотија да се одмори, чувство да се биде цело време раздразлив.

Што го предизвикува АДХД?

Експертите веруваат дека делумно тоа се должи на нарушената рамнотежа на хемиски супстанци (трансмитери) кои ги пренесуваат пораките до мозокот и делумно поради тоа што делови од мозокот (центри) кои се одговорни за однесувањето не реагираат како што треба. Сепак главни фактори се:

-Темпераментот на детето кој се одразува на ставот и карактерот;

-Генетичка корелација-една неодамнешна студија покажува дека постои 80-90% генетска врска со АДХД;

-Мозочно оштетување, во пренаталниот период или пак после раѓањето (ова е во мал процент)

Некои аспекти од средината во која се одгледуваат децата се почесто присутни кај лицата со АДХД, пр. присуството на стрес. Ваквите фактори ја зголемуваат веројатноста за појава на АДХД кај оние што имаат генетичка преиспозиција. Застапеноста на АДХД кај децата е 5-7% иако некои резултати и студии се над 15%. Од нив над 70% ќе ги имаат симптомите и како тинејџери, а околу 60% и во возрасно доба. Дури и кај оние кои ја надминуваат состојбата задоцнувањето со развојните навики од  раното доба може да афектуира на подоцнежното учење. Кај момчињата фреквенцијата на АДХД е 4 пати почеста отколку кај девојчињата.

Кај децата во предшколска возраст многу е потешко да се дијагностицира освен ако симптомите се екстремно изразени. Со тргнување на училиште наставниците се тие кои ќе го оценат однесувањето на детето и ќе го известат родителот доколку е тоа поразлично од другите.

Третирањето на АДХД дава задоволителни резултати со третмани од бихевиоралната терапија, потоа многу е важна подршката и помошта во училиштето кое детето го посетува, а се препишуваат и медикаменти и суплементи кои исто така даваат резултати во третманите.

Во прилог на овој осврт за АДХД ви овозможуваме да превземете (даунлодирате) 3 електронски книги од познат експерт од оваа област д-р Рори Стерн. Книгите се напишани на англиски јазик.

ИНТРО АДХД

МЕДИКАМЕНТИ

7 СТРАТЕГИИ

Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4 /* Style Definitions */ table.MsoNormalTable {mso-style-name:”Table Normal”; mso-tstyle-rowband-size:0; mso-tstyle-colband-size:0; mso-style-noshow:yes; mso-style-parent:””; mso-padding-alt:0cm 5.4pt 0cm 5.4pt; mso-para-margin:0cm; mso-para-margin-bottom:.0001pt; mso-pagination:widow-orphan; font-size:10.0pt; font-family:”Times New Roman”; mso-ansi-language:#0400; mso-fareast-language:#0400; mso-bidi-language:#0400;}

Различни начини на класифицирање на АДХД

АДХД може да се дијагностицира преку набљудување на симптомите на вашето дете.

Симптомите се поделени на 2 категории: невнимание и хиперактивност – импулсивност.

Докторот одредува колку симптоми има детето во секоја категорија.

АДХД комбиниран тип: ова претставува најчест тип и значи дека детето има 6 или повеќе симптоми во секоја категорија.

АДХД доминантен тип на невнимание: ова значи дека детето поседува 6 или повеќе симптоми на невнимание но помалку од 6 симптоми на хиперактивност – импулсивност.

Поврзани информации: