Учество на работилница на AEIF проектот

hpim1148

По покана од Машинскиот факултет-Скопје здружението ВО МОЈОТ СВЕТ учествуваше на дводневната работилница на AEIF проектот (Alumni Innovation Engagement Fund) кој се одржа на 15 и 16 Мај 2012 на машинскиот факултет. Темата беше „Еднаков пристап до едукативните сервиси за лицата со посебни потреби“. На оваа координативна средба се развија дискусии и се разменија значајни искуства, а посебен простор и време беа остапени на здружението за осврт на темата аутизам. На работилницата беше изнесена програмата и целите на делувањето на здружението, како и посебен осврт на темата аутизам од страна на стручните лица од здружението кое како релевантен фактор од оваа област беше вклучено во проектот на AEIF.

 

Поврзани информации: