Април-месец на Аутизмот во Република Македонија

По повод 2 Април, светскиот ден на Аутизмот здружението ВО МОЈОТ СВЕТ го прогласи месец Април 2012 за месец на Аутизмот во РМ и спроведе интензивна проект-кампања под името ЕДЕН СВЕТ ЗА СИТЕ чија цел беше зголемување на јавната свест и корпоративната одговорност за овој проблем. Одржани беа низа активности, хепенинзи, прошетки и предавања во тек на целиот месец, на различни локации, со различни учесници и подржувачи. Како покровител на кампањата беше г-ѓа Маја Иванова, а подржувачи трите ресорни министерства: за здравство, труд и социјална политика и министерството за образование и наука. Како пријатели и подржувачи на овој проект на здружението беа и голем број на компании, фирми, истакнати поединци и институции. 

logo_kampanja_jpg 

 

 

Поврзани информации: