Здружението на граѓани ВО МОЈОТ СВЕТ во рамките на својата програма и мисија има направено повеќе донации на училишта, градинки, поединци и ќе настојува да донира и помогне и во иднина. Од досегашните донации ги издвојуваме:
2011
- донација на прехранбени продукти на ПОУ Д-р Златан Сремец
- донација на играчки во Ј.У. Детски дом 11 Октомври
- школски материјали на Ј.У. Општинска детска градинка „Распена младост“ – Скопје
- донација на опрема потребна за работа на децата од Детскиот клуб Лилипут
- донација на првата детска амбасада-Меѓаши на школски материјали
- донација на Македонско Монтесори Здружение на школски материјали
- донација на опрема потребна за работа на децата од Детскиот клуб Лилипут (од Медикус Хелп) – за сензоријална терапија
- донација на опрема на детскиот клуб Лилипут од англиската фирма РОМПА
- донација на опрема за работа на децата од Дневниот центар во Штип од англиската фирма РОМПА
- донација во рамките на одржаниот новогодишен базар во Зоолошката градина во Скопје: донирани 150 новогодишни пакетчиња
- донација на Еурека-новогодишни пакетчиња
——————————————————————————————————-
2012
- донирани се 300 парчиња училишни папки во ПОУ „Иднина“
- донирани се 300 парчиња училишни папки во ПОУ Д-р Златан Сремац
- донирани 122 новогодишни пакетчиња во ПОУ „Иднина“
Покрај наведените донации здружението на граѓани ВО МОЈОТ СВЕТ во рамките на своите можности има помогнато и повеќе родители и поединци како финансиски така и материјално.
——————————————————————————————————-
2013
- повеќекратни донации на млечни производи (од Здравје-Радово) на семејствата-членови на здружението
- донација на прехранбени продукти (од ЕБР) на семејствата-членови на здружението
- бесплатна еднодневна екскурзија во Крушево на дел од дечињата и родители-членови на здружението
- донација бесплатно десетдневно летување на море во Р. Црна Гора за дечиња со родители-членови на здружението
- донирани детски играчки (од амбасадата на Р. Бугарија) на дечињата-членови на здружението
- донирани 150 новогодишни пакетчиња (од Тинекс) на дечињата од здружението
- донирани пакет прехранбени производи (од MAMA`S) на семејствата-членови на здружението
- донирани 60 новогодишни пакетчиња (од Т-мобиле фондација) на штитениците од ПОУ Д-р Златан Сремац-Скопје
- донирани новогодишни пакетчиња (од Виталија и Лион-Св. Николе) на деца со попреченост во развојот
——————————————————————————————————-