На ден 09.10.2011 (недела) во Зоолошката градина во Скопје, здружението на граѓани „ВО МОЈОТ СВЕТ“ организираше манифестација посветена за подигнување на јавната свест на национално ниво за Аутизам, АДХД и Аспергеров синдром. Подржувачи на овој настан беа: г-ѓа Маја Иванова, министерот за образование и наука Г. Панче Кралев, дел од дипломатскиот кор во Република Македонија, Зоолошка градина како и родителите на децата со аутистичен спектар на нарушувања и граѓаните на Република Македонија.