Учество во семинарот организиран од UNICEF во Република Македонија на тема „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“

Една од целите на овој семинар (организиран од UNICEF-Македонија, со гости-предавачи од PACER-САД) беше изнаоѓање на начини на вклучување на овие деца во редовната училишна настава, како и вмрежување на родителите со една цел да тие полесно соработуваат и се подржуваат. Здружението како дел од семинарот потпомогна со останатите во откривање на вистинската тековната училишна клима што постои во нашите училишта, помогна во изнаоѓањето на начини на полесно поврзување на родителите едни со други, понуди можни применливи обуки за стручните лица и самите родители и секако се залагаше за што почести организирани средби на заедницата (во форма на хепенинзи, забавни денови за семејствата, пикник денови, хуманитарни случувања и сл.)

Поврзани информации: