Во период од 25 до 27 ноември 2011 година во Клиничката болница СИСТИНА и од 2 до 4 декември 2011 во Предавална 4 на Економскиот Факултет во Скопје се одржаа обуки за работа со терапијата АБА (АВА – Applied Behavior Analysis) за стручни лица и за родители чии деца имаат аутистичен спектар на нарушувања. Овие обуки претставуваат дел од проектот Зајакнување преку знаење. Овие обуки ги одржаа Специјалниот психопедагог Лаура Александра Серафимовски Дика (Радулеску) од Романија и Специјалниот психопедагог Драган Серафимовски – Дика. Специјален гостин-предавач беше и Др. Џем Киначи од Турција.