Здружението на граѓани ВО МОЈОТ СВЕТ со изработката на оваа публикација има за цел да ја зголеми свеста на заедницата за оваа проблематика. Со поголемата информираност ќе се зголеми свеста на општеството и ќе се започне со прифаќање на лицата со наведените синдроми како рамноправни граѓани со останатите ќе се обезбеди морална и материјална подршка за семејствата на лицата со Аутизам, АДХД и Аспергеров синдром.
Оваа публикација ќе биде дистрибуирана не само во Република Македонија, туку и надвор од Македонија.