Што е аутизам

2.5kviews

Аутизмот е најсериозната форма на манифестирање на аномалии во развојот на личноста, која влијае на можноста на личноста да има контакт со други лица. Се карактеризира преку многу голема тешкотија при одговор на социјалните контакти и можноста да комуницира. Некои лица со аутизам, можат да имаат и други невролошки симптоми, епилепсија, синдромот Даун и др.

За жал аутизмот е многу реален и може да го погоди било кого. Постои еден критериум кој има значење кај аутизмот, а тоа е полот. Аутизмот се појавува 4 пати повеќе кај машките отколку кај женските и 75 % од случаите манифестираат и ментална ретардација.

Карактеристики на аутизмот:

  •  аутистична осаменост
  •  неможноста да воспостави релација
  •  не сакаат да бидат гушкани, галени, бакнувани
  •  не се поблиски со родителите во споредба со непознати
  •  не постои разлика меѓу релациите со луѓе и релациите со предметите
  •  недостаток на контакт со очите
  •  нарушувања во говорот и јазикот
  •  јазикот може да се појави подоцна, но може и да не се појави
  •  не учествуваат во групни игри
  •  не имитира во првата година од животот
  •  не ги користи играчките правилно
  •  немаат креативна имагинација
  •  со тек на возраста половина од аутистите имаат елементарен јазик со  дефицити, имаат ехолалија (повторуваат без смисла зборови што  ги  слушнале)
  •  бизарно однесување
  •  обсесивна желба за униформност
  •  стереотипни однесувања и агресивност
  •  чудни однесувања (извртување на прстите, тресење на рацете, вртење)

Бихејвиорална интервенција

Со примена на бихејвиорална терапија несоодветното однесување може да се намали, а прилагодливото може да се зголеми. Бихејвиоралната терапија дејствува врз ефектите, а не врз причините.

АБА е наука врз чии принципи се подготвени мнозинството на интервентни програми. Во превод АБА значи „применетата бихејвиорална анализа“ и се занимава со анализа на аутизмот, стриктно од страна на однесувањето.

Примената на методата АБА е интензивна интервенција за деца со аутизам. Постојат неколку елементи кои се од суштинско значење во овој процес:

настава еден на еден;

  • систематско учење на вештините;
  • програмата опфаќа еден сеопфатен наставен план;
  • терапевтската интервенција се одвива обично дома;
  • родителската инволвираност е неопходна;
  • секое дете добива 30-40 часа неделно терапија.

 

Поврзани информации: