АДХД (синдромот на недостаток на внимание и хиперактивност) или хиперкинетскиот синдром според ICD е една од најчестите нарушувања кај генералната популација на деца и адолесценти. Машките се 3-5 пати повеќе засегнати отколку девојчињата.
АДХД се карактеризира преку упорна шема на однесувања кои траат повеќе од 6 месеци и кои се манифестираат на повисок степен отколку кај другите деца на иста возраст, и се манифестираат преку следната тријада на симптоми: хиперактивност, импулсивност и недостаток на внимание.
Карактеристики на АДХД:
Децата кои имаат симптоми на хиперактивност може да имаат:
- нервозен е и загрижен на неговото место
- постојано зборува
- црта наоколу, допира или си игра со ништо и сешто наоколу
- има потешкотии во седењето мирно додека јаде, на училиште, додека му се читаат приказни
- постојано е во движење
- има потешкотии во правењето тивки задачи и активности
Децата кои имаат симптоми на импулсивност може да имаат:
- многу е нетрпелив
- коментира несоодветно, ги покажува своите емоции без воздржаност, и дејствува без да мисли на последиците
- има потешкотии во чекањето на работите што ги сака или чекајќи го неговиот ред да се игра
- често ги прекинува разговорите или другите активности
Децата кои имаат симптоми на недостаток на внимание може да имаат:
- лесно може да му биде одземено вниманието, не приметува детали, заборава работи и често преминува од една на друга активност
- има потешкотии во фокусирањето на една работа
- после неколку минути му се здосадува активноста, освен ако не работи нешто пријатно
- има потешкотии во фокусирањето на вниманието
- има потешкотии во завршувањето на домашните задачи, често губејќи работи (пенкала, играчки,задачи) кои му се потребни за извршување на задачите
- изгледа како да не слуша кога му се обраќате
- мечтае, лесно се збунува, и се движи бавно
- има потешкотии во процесирањето на информациите брзо и точно како другите
АДХД не се лечи, но може да се подобри состојбата преку мултимодален третман.
Мултимодален третман
Мултимодалниот третман вклучува:
- психолошка едукација на родители и наставници;
- обука на родителите и интервенции на однесувањето во семејството;
- интервенции на однесувањето во градинка и училиште;
- когнитивно-бихејвиорална терапија на детето
- фармакотерапија