Панел дискусија

    На ден 02.04.2011 година Светскиот ден на аутизмот, Здружението на граѓани ВО МОЈОТ СВЕТ во Амфитеатарот 2 на Медицинскиот факултет во Скопје, одржа панел дискусија на тема Што е аутизам, третман на лицата со аутизам во Република Македонија и третман на лицата со аутизам во светот“, каде учество земаа стручни лица во Република Македонија кои имаат повеќе годишно искуство во работата со лицата со аутизам. Целта на оваа панел дискусија беше да се подигне јавната свест во Република Македонија дека Аутизмот постои и кај нас и ги засега не само поединците засегнати со овој проблем туку и релевантните Институции и секако да се одбележи Светскиот ден на Аутизмот, со што и Република Македонија влезе во групата на држави кои го одбележуваат овој ден.

    Поврзани информации: