Здружението на граѓани ВО МОЈОТ СВЕТ ќе изработи информативно-едукативна едиција чија цел е зголемување на свеста на заедницата за оваа проблематика. Со поголемата информираност ќе се зголеми свеста на општеството и ќе се започне со прифаќање на лицата со наведените синдроми како рамноправни граѓани со останатите. Ќе се обезбеди морална и материјална подршка за семејствата на лицата со Аутизам, АДХД и Аспергеров синдром.
Времетраењето за изработка на оваа едиција е една година.
Оваа едиција ќе биде дистрибуирана не само во Република Македонија, туку и надвор од Македонија.