Здружение на граѓани за третман на лица со Аутизам, АДХД и Аспергеров синдром ВО МОЈОТ СВЕТ – Скопје.
ВО МОЈОТ СВЕТ се залага за подобрување и промовирање на подобри стандарди на живот на оваа категорија на граѓани, подобрување на социјалните права и слободи, едукација, пренесување на искуствата и „најдобрата пракса“ од развиените земји, животната средина и екологија, поттикнување и подржување на научно истражувачка дејност и друго.
Интересите на здружението на граѓани ВО МОЈОТ СВЕТ ќе бидат и зголемување на свеста кај граѓаните и општеството за подобро утре.
Со ова во Република Македонија ќе се создаде позитивна клима за адекватен третман на лицата со овие синдроми.
ЧЛЕНСТВО
Здружението на граѓани ВО МОЈОТ СВЕТ е отворено за прифаќање нови членови, а постапката е едноставна:
Секое физичко лице со наполнети 18 години кое ги прифаќа Статутот и задачите на здружението ВО МОЈОТ СВЕТ може да стане поединечен член.
Член на здружението на граѓани ВО МОЈОТ СВЕТ може да биде и странски државјанин со наполнети 18 години, кој го прифаќа Статутот и задачите на здружението ВО МОЈОТ СВЕТ.
Секоја организација, асоцијација, здружение на граѓани со седиште во Република Македонија која ги прифаќа Статутот и задачите на здружението ВО МОЈОТ СВЕТ може да стане колективен член.
Да станете член на здружението на граѓани ВО МОЈОТ СВЕТ, треба да гo пополните формуларот и изјавата за членство.